ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Вака слави фамилијата од Гостивар

(ФОТО) Вака слави фамилијата од Гостивар

сподели

Едно од двете најпријатни освежувања во македонската кошарка последните две години ја заврши сезоната во која ги оствари своите амбиции.

Пласманот во плеј-офот од првенството и полуфиналето во Купот беа целите на Гостивар, па затоа сега може да се слави.

Кошаркарите, стручниот штаб и управата го означија крајот на сезоната, прославија, а во исто време се простија од тим-менаџерот Бајрамали Саити кој најверојатно продолжува во кошаркарската федерација на Македонија.