ПОЧЕТНА Младински школи ФМП Академија и Општина Кисела Вода организираат меѓународен турнир

ФМП Академија и Општина Кисела Вода организираат меѓународен турнир

сподели

Од 23 до 25 март во Кисела Вода ќе се игра кошарка. Под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе се одржи „Балкан куп 2018“.

Љубителите на кошарката ќе имаат можност да проследат повеќе натпревари на кои младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија ќе ги одмерат силите на теренот.

На овој трунир ќе учествуваат деца до 14 годишна возраст, што ќе биде голема можност да стекнат искуство играјќи со своите врсници од регионот.

Идејата за овој куп кој што се одржува по втор пат, доаѓа од раководството на екипата Балкан од Ботевград, Бугарија.

Обврска на секој клуб што е дел од овој трунир, е во текот на годината да организира по еден турнир во својот град, додека на крајот од годината се одржува и еден завршен турнир за најдбрите учесници.