ПОЧЕТНА Евролига Финалистот го нокаутира литванскиот гостин

Финалистот го нокаутира литванскиот гостин

сподели
euroleague.net

Фенербахче почна фуриозно, на патот кон уште еден завршен турнир во елитното натпреварување, што би бил 5-ти по ред за турската екипа.

Жртвата се вика Жалгирис, кој што беше совладан со 76:43. Не се проблем примените поени, туку постигнатите – затоа стратегот на литванската екипа, Шарунас Јасикевичиус изјави дека неговите играчи имаат 48 часа да најдат нешто меѓу своите нозе.

Никола Калиниќ имаше 16 поени за победникот, Марко Гудуриќ имаше 13, Грин додаде 12. Кај гостите, Григонис беше единствениот двоцифрен стрелец, со 10 поени.

Серијата се игра до три победи, во форматот 2-2-1.