ПОЧЕТНА УЛЕБ Филиповски и Митев газат во Еврокупот

Филиповски и Митев газат во Еврокупот

сподели
Сашо Филиповски и Боби Митев, на клупата на Монако (фото: Monaco Basketball).

Наспроти променливите резултати во домашното првенство, Монако одлично чекори на меѓународна сцена.

Во последното коло од првиот круг во Еврокупот, францускиот вицешампион ја совлада Андора со 81:73 и е на делба на првата позиција во групата, заедно со Црвена Звезда со биланс од четири победи и еден пораз.

Аплицирајте веднаш за

Тоа е трета победа по ред за Монако во Еврокупот и четврта на последните пет меча во сите натпреварувања. Со неа е многу блиску до пласман во следната фаза бидејќи сега има три триумфи повеќе од последните две екипи во групата – Улм и Бреша, а до крајот остануваат пет кола.

За разлика од ова натпреварување, во францускиот шампион Монако е на 15. место, но со само една победа помалку од тимовите кои се во плеј-оф зоната.