ПОЧЕТНА А Репрезентација ФИБА не оцени позитивно, иако оценките малку се разликуваат

ФИБА не оцени позитивно, иако оценките малку се разликуваат

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Светската куќа на кошарката ги праша своите стручњаци, кои што пишуваат на порталот fiba.basketball, а тие одговорија за квалитетот на перформансот на репрезентациите во последниот квалификациски прозорец.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Македонија е оценета позитивно, иако добивме една петка и една четворка. Петката е од Игор Чурковиќ и се однесува пред се на квалитетот на нашата репрезентација, а четворката е од Симас Баранаускас и се однесува на реализацијата од поле.

fiba.basketball

Чурковиќ вели дека нашата репрезентација е најдобра во ова друштво на селекции во претквалификациите, патем му било драго што ја видел салата „26 Април“ во Гевгелија, исполнета до последното место.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Баранаускас вели дека не може да оцени со повеќе од 4, репрезентација која што има под 50% реализација од поле, против селекција како што е Косово и тоа на домашен терен, што значи очекувал подобра игра во нападот од нашите репрезентативци.

fiba.basketball

Белгија доби два пати по 5+ за пласманот во следната фаза, како прва селекција што обезбеди место од претквалификациите во квалификациите за следното ЕП, а особено се истакнати победите кај Португалија и кај Исланд.

fiba.basketball

Косово доби лоши оценки (2) од двајцата експерти, поради тоа што нема победа на гости (што „киксна“ по водството во Романија) и поради тоа што има 0/2 во групата со Македонија и Романија.