ПОЧЕТНА АБА ФИБА го спречи Олимпијакос да влезе во АБА!!!

ФИБА го спречи Олимпијакос да влезе во АБА!!!

сподели

Повеќе од два месеца траат шпекулациите дали грчкиот гигант и троен европски шампион ќе се приклучи на регионалното натпреварување откако доби дисквалификација од домашното првенство.

Иако нема конечна одлука од Собранието на АБА, стана јасно дека Олимпијакос нема да дојде на Јадранот, барем не претстојната сезона. Специјализираниот кошаркарски портал Eurohoops објави дека пречка за тоа се претстојните Олимписки игри во Токио 2020 година.

Ако Олимпијакос влезе, АБА лигата треба да се прошири на 14 клуба, а со тоа и се смени календарот бидејќи ќе се играат четири кола повеќе. Простор за такво нешто нема поради предолимпискиот турнир и подготовките на репрезентациите за настапот во Јапонија.

ФИБА им дала препораки на лигите и федерациите дека идната сезона сите натпреварувања мораат да бидат готови до 12 јуни. Грците ги контактирале челниците на АБА лигата од каде добиле одговор дека не може да дојде до поместување.