ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фени се налути дека доаѓаше двапати на гости кај Шкупи

Фени се налути дека доаѓаше двапати на гости кај Шкупи

сподели
фото: архива

Кавадарчани забележаа убедлива победа во скопското гостување во Чаир, во натпреварот што беше одложен за 24 часа, поради неправилности во салата на домаќинот.

Трикратниот некогашен првак на нашата земја, има две победи по три одиграни кола и е во горната половина на табелата, додека чаирчани се на дното со два пораза и едно слободно коло.

mkf.mk

Петар Коцев експлодира кај победникот, со 5 тројки во 8 обиди, резлизира вкупно 20 поени. Зад него беа Кенет Фандербург со 19 поени, Мајер со 14 (8 скока) и Пајиќ со 12 поени.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Филип Бакоч имаше 9 поени со 9 скока кај гостите. На спротивната страна Стефан Цариќ имаше 18 поени, Рангелов 15, ги следеа Тасков со 11 поени и Мустафа со 10.

mkf.mk

Во следната рунда, Шкупи гостува кај Блокотехна, а Фени Индустри игра дома со Вардар.