ПОЧЕТНА Избор на уредникот Фени се гаси? Ќе останат ли играчите?

Фени се гаси? Ќе останат ли играчите?

сподели

Тројниот првак на Македонија, кој што егзистира под сегашното име повеќе од една деценија, е во екстремно тешка финансиска ситуација и не се знае дали ќе продолжи да постои, по последното коло што ќе биде одиграно во македонскиот шампионат.

Спонзорот Фени Индустри, чие што име го носи и кошаркарскиот клуб, оди во стечај, а со тоа секнуваат и средствата за овој спортски колектив кој што не направи горди нас Македонците, затоа што е првата наша екипа со меѓународна титула, освоена во БИБЛ Лигата (2011-та на завршниот турнир во Кавадарци).

Минтата сезона и репрезентативниот плејмејкер Бобан Стајиќ играше за Фени, во финалето на нашиот Куп…

Неофицијално дознаваме дека во клубот се сложни сите, да се одигра средбата со Кожув на максимално ниво, да се даде се од себе, исто како што тоа беше против МЗТ Скопје во претходното коло и како што беше во годините што изминаа, од 2005-та кога фабриката стана главен спонзор на оваа екипа од Кавадарци.

Аплицирајте веднаш за

Отсекогаш, играчите од овој град и од овој тим ги красела борбеноста како главна одлика во нивната игра, неофицијално го носат прекарот „Спартанци“, во сезоните кога беа шампиони (2008, 2010, 2011) со спартанскиот поздрав (од филмот „300“) ги почнуваа и ги завршуваа сите натпревари, но може да се случи овој своевиден феномен да го снема од нашата кошаркарска мапа.

Андреј Магдевски, на мечот со Работнички во Скопје.

Во Фени Индустри играат тројца наши репрезентативци – Андреј Магдевски кој што е сегашен член на националниот состав, Јане Петровски кој што беше повремено на списокот на селекторите и Горјан Марковски, кој што беше еден од нашите најголеми таленти, но повредите го спречија да го изреализира својот потенцијал.

Раководството на клубот на чело со уште една играчка легенда, тим менаџерот Александар Димитровски мака мачи, се бори од петни жили да обезбеди средства, екипата да остане заедно до крајот на сезоната. Фени Индустри е единствениот тим во нашата лига, кој што во моментов нема странец во ростерот или во стручниот штаб.

Американецот Шахид Дејвис (23 години) беше уште еден во низата правилно селектирани странски играчи во составот на Фени, никогаш скапи, а секогаш квалитетни…

Не може ли да се најде ниту еден субјект кој што би го поддржал постоењето на овој спортски колектив? Немаме ли национална стратегија за кошарка? Смееме ли да дозволиме повторно да згасне овој наш кошаркарски центар, кој што ни даде многу репрезентативци?

Се ближи Нова Година, кои странски пејачи ќе ни пеат кич и шунд по плоштадите и ќе го собираат кајмакот, а нашите играчи ќе молат да играат без пари? А се жалиме дека сме немале репрезентација!!! Па каде се прави репрезентацијата? Во клубовите, нормално.

Многу прашања, одговори нема. Или ќе има само еден одговор, на само едно прашање, она круцијалното, в понеделник…