ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фени на чекор до „стотката“

Фени на чекор до „стотката“

сподели
фото: Ристе Стамаџиев / Мартин Димов

Трета победа за некогашниот македонски шампион во четвртиот натпревар оваа сезона. Фени Индустри најде лек и за Вардари пред своите навивачи го совлада со 99:78.

Со тоа потврди дека повторно има квалитетен тим кој може да се бори за пласман во Суперлигата откако минатата сезона за малку не успеа.

Аплицирајте веднаш за

Вардар некако се држеше во првите 15 минути иако Фени беше во константно водство. Сепак, на пауза се замина со +12 за домаќинот (51:39), а во третата четвртина Фени конечно го скрши отпорот на противникот.

Триото Американци, Фандербург-Мајер-Елиот, заедно со Пајиќ го предводеше кавадаречкиот тим, заедно постигнувајќи 74 поени, речиси колку целиот тим на Вардар. Кај гостите, кои уште ја чекаат првата победа, Провел постигна 26 поени, а Радош 22.