ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фени го реши Пелистер во финишот

Фени го реши Пелистер во финишот

сподели
фото: PHOTOKAV

Поранешниот македонски првак со победа ја почна новата сезона во Првата лига.

Пред своите навивачи во салата “Јасмин”, Фени го совлада Пелистер со 86:68 и тоа благодарение на одличната игра во последната четвртина.

Аплицирајте веднаш за

 

На крајот од третиот период домаќините имаа само пет поени предност (60:55), но во последните десет минути фунционираше се во составот на Љупчо Малинков и кавадарчани дојдоа до убедлив триумф.

Предраг Пајиќ со 22 поена го предводеше својот тим, а дабл-дабл оствари Фанденбург кој заврши со 15 поени и 10 скока.

Кај Пелистер, Џаморд постигна 21 поен, а Трсунов додаде 15.