ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенер со пресврт ја победи Барса, Калатес ја смрзна Москва

Фенер со пресврт ја победи Барса, Калатес ја смрзна Москва

сподели

Барселона полека ја губи битката за четвртото место на табелата во Евролигата и многу веројатно во првата рунда од плеј-офот нема да ја има предноста на домашниот терен против Анадолу Ефес.

„Каталонците“ беа на прагот на изненадување на гостувањето кај Фенербахче, на почетокот од последната четвртина имаа +10 (56:66), а на пет минути пред крајот водеа со седум поени разлика (69:76). И тогаш дојде до несфатлив пад во играта, а на сцена стапи грчкиот репрезентативец Костас Слукас.

Фенербахче направи серија од 12:1 и поведе со 81:77, Барселона не успеа да се крене и на крај домашниот тим победи со 88:82. Слукас беше убедливо најдобар играч на натпреварот, постигна 22 поени и 11 скока со шут за три поени 5/5. Кај Барселона изненади Блажиќ кој заврши со 15 поени.

Сензацијата на денот ја направи Панатинаикос кој ја победи ЦСКА во Москва со 77:78 и славеше во руската престолнина првпат по серијата од девет порази.

Драмата ја реши Ник Калатес со тројка во последната секунда од околу девет метри, од табла. ЦСКА имаше 10 поени предност во третата четвртина и седум на три минути пред крајот.

Томас со 12 поени беше најефикасен во тимот на Панатинаикос, а на ЦСКА не и помогнаа ниту 23-те поени на Родригез.