ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенер на чекор до титулата во Турција

Фенер на чекор до титулата во Турција

сподели
aa.com.tr

Луиџи Датоме постигна 25 поени за триумф на актуелниот првак против Тофаш, со 77:95 во четвртиот меч од финалната серија во турската лига. Италијанецот шутираше 10/11 од поле, Фенербахче води со 3:1.

Шампионот е на една победа до тројната круна во турската кошарка, последниот меч се игра (в среда, 13.06.2018) на негов терен во Истанбул.

Гостите почнаа фуриозно и имаа двоцифрена предност во текот на поголемиот дел од мечот, за три поени шутираа 15/24.

Аплицирајте веднаш за

Боби Диксон и Бред Вонамејкер постигнаа по 15 поени, а Џејмс Нанали имаше 14 поени.

Кај поразениот домаќин, Хенри имаше 21 поен со 10 асистенции, Каџи имаше 18 поени со 6 скока, а Џош Овенс имаше 14 поени со 6 скока.