ПОЧЕТНА Евролига Фенер (веќе) не владее со Истанбул

Фенер (веќе) не владее со Истанбул

сподели
euroleague.net

Анадолу Ефес се врати по негатива од 16 поени и славеше против градскиот ривал Фенербахче, со 89:83 во Синан Ердем Дом, во првото градско дерби сезонава. Домаќинот постигна 51 поен во второто полувреме, а прими само 31. Двата тима има сега имаат по 3 победи и по 1 пораз.

euroleague.net

Дерик Вилијамс постигна 22 поена во победата на Баерн против Басконија, со 77:71. Клучна за победата беше одбраната на минхенската екипа, која што го задржа гостинот на 16% реализација за три поени. Германците имаат 2/2, шпанската екипа падна на 1/3.

euroleague.net

Во најнеизвесниот дуел, Милано победи против Химки со 81:80 и ја забележа третата победа на почетокот на сезоната. Русите се уште чекаат на првиот триумф, имаат неочекувани 0/4. Мајк Џејмс, кој што дојде од Панатинаикос и веднаш ја оживеа Олимпија, постигна 25 поени со 8 асистенции, а ги реализира и двете слободни за победа на 3.3 секунди до крајот на мечот.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Олимпијакос славеше против Макаби со 88:80, во дуелот на новиот тренер на грчката екипа, Дејвид Блат, против неговата поранешна екипа. Макаби поведе на почетокот, но потоа домаќинот ја презеде контролата и ја чуваше до крајот на мечот. Најдобар поединец беше гостинскиот играч ДеАндре Кејн, со 22 поена и 6 асистенции.

euroleague.net

Будуќност е храна за големите, во новата сезона во Евролига. Црногорската екипа беше уништена (и) на гостувањето во Мадрид со 89:55. Актуелниот првак Реал сега има 4 победи, а АБА шампионот има 4 порази. Таварез имаше 10 поени со 14 скока и 3 блокади, а Керол и Рендолф имаа по 11 поени кај домаќините. Кај гостите, Гордиќ постигна 13 поени.