ПОЧЕТНА Балкански лиги Фенербахче е главен во Турција

Фенербахче е главен во Турција

сподели
фото: hurriyet.com.tr

Трета година по ред и деветти пат во историјата Фенербахче ја освои шампионската титула во домашното првенство.

Во финалната серија беше подобар од Тофаш со вкупен резултат 4:1, а во петтиот натпревар пред своите гледачи славеше со 94:64.

https://twitter.com/FBBasketbol/status/1006984661384515584

Аплицирајте веднаш за

Победата во овој меч во ниеден момент не беше доведена во прашање бидејќи на половина од првата четвртина беше 18:10, на крајот од тој период 25:12, а на полувреме 45:26.

Ахмет Давутоглу со 19 поени и девет скока беше прв играч на натпреварот, а се истакнаа уште Вонамејкер со 11 и Арна со 10 поени. Токму Вонамејкер беше прогласен за МВП на финалната серија.

https://twitter.com/FBBasketbol/status/1006984661384515584

Во тимот на Тофаш, прв стрелец беше Хенри со 17 поени на кои додаде 9 асистенции и 7 скока.

За Фенербахче ова е четврта титула во последните пет сезони, а Жељко Обрадовиќ го освои 40. трофеј во својата неверојатна кариера.