ПОЧЕТНА Во позадина „Фантоми“ се апсолутни победници на Купот на Македонија

„Фантоми“ се апсолутни победници на Купот на Македонија

сподели

Иако завршниот турнир штотуку почна, најголемите навивачи на Кожув веќе ги освоија срцата на сите љубители на кошарката во Македонија.

За време на натпреварот на нивниот омилен тим против МЗТ Скопје тие истакна нацртан дрес со презимето на Јовица Трпески, кошаркарот на Гостивар кој го загуби животот во сообраќајната несреќа во близина на Скопје на 13 февруари.

Поради таа трагедија беше одложена завршницата од Купот на Македонија, а „Фантоми“ покажаа дека не го заборавиле и дека сочувствуваат со Кошаркарскиот клуб Гостивар и со семејството на Трпески.

Додека беше истакнат дресот, публиката во салата „26-ти април“ во Гевгелија го скандираше името на загинатиот кошакар, а „Фантоми“ посакаа вакво нешто никогаш да не се повтори.