ПОЧЕТНА Во позадина ФАЛАНГО, СРАМ ДА ТИ Е! Чија екипа е МЗТ Скопје?

ФАЛАНГО, СРАМ ДА ТИ Е! Чија екипа е МЗТ Скопје?

сподели
фото: HRS / Nebojsa Tejic

Македонскиот шампион, каков е, таков е, ама наш е, НАШ(!!!), заштитникот на македонската кошарка последните 6 сезони, колку што игра на меѓународно ниво на овие простори, во услови кога цела Македонија е во Хрватска, беше оставен сам! Исто како на времето Гоце, Даме, Ченто и другите!!! ИСТО!!!

Уште еднаш она нашето поганото „ме боли“ за овие, во случајов од Ајродром, беше посилно од она што треба да не прави најсилни каде и да се појавиме, да ни се плашат сите, да клечат пред нас наместо да „не гузат“, да им се тресат нозете наместо да ги тријат дланките со помисла „ево их иду македонќиќи, наши пациенти“!

Празниот дом на Дражен Петровиќ…

Нема тука национализам, фашизам или претеризам. Простете ни сите што се чувствувате повикани поради користењето на туѓи јазични кованици, не е ова упатено до вас. Тука има само излив на фрустрации што преминуваат во комплекси на една сурова реалност преточена во неколку емотивно обоени редови со неколку нелекторирани фрази, без кои што не може оригинално да се долови моментот.

Аплицирајте веднаш за

Па добро бе, Фаланго, идеш само на утакмици кај што ќе бидеш видена? Кај што ќе те има на ТВ? Па и од натпреварот на МЗТ Скопје имаше пренос, таму исто така ќе ве даваа во преден план, дури и почесто зашо немаше никој у салата на Дражен Петровиќ! Или испод част ви е да гледате АБА утакмица, вие само на европски идете или на свецки…

Малубројната чета на Фемили и по некој пријател навивач на друга екипа во одбрана на македонштината. Благодарност до Дарко Здравковски.

И баш моментот што немаше победа 11 утакмици по ред требаше да ве води в сала, да отидевте ќе викавте ради вас победиле пошо тоа ви е важно, по се изгледа. А вака, останавте без едно селфи у колекција…

МЗТ Скопје е ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА! МЗТ Скопје е претставник на МАКЕДОНИЈА! МЗТ Скопје настапува под МАКЕДОНСКОТО знаме! МЗТ Скопје беше во Загреб, а во сала имаше 20 македонци, додека низ кафиќите кај Бан Јелачич се трошеа македонски пари за туѓо пиво.

Простете ни, нема тука повторно национализам, туку само шамарчина, ама од дното на душата, за сите што беа во Загреб, а не отидоа да го бодрат МЗТ Скопје. Замислете кога ќе грмнеа илјада или две, па и три, а зошто не и четири илјади грла македонски – „Излези момче право на тераса…“! Не на тргот бе, кај што бевте, туку у сала, кај што се биеше битка!

фото: HRS / Nebojsa Tejic

Не мораше да пеете ЕМ-ЗЕ-ТЕ-овски песми. Можеше да пеете наши, македонски. Можеше само „Излези момче“ да ја грмите цела утакмица. Ќе попаѓаа ќерамидите бе шутраци ни едни!

Извинете ако не знаевте дека игра МЗТ. Извинете ако ви беа скапи картите кои што се околу 200 денари, а ќе потрошите по 500 евра за недела дена во хрватската престолнина. Извинете ако бевте уморни од вчера од утакмицата со Словенија. Извинете ако се чувавте за Црна Гора.

Извинете, стварно!

Море понекогаш, а ни се случува се почесто, да се засрами човек што е Македонец! Што мислите како им беше на нашите репрезентативци што настапуваат за МЗТ кога знаат дека играме ракомет таму, дека цела држава е преселена на 100 метри од нив, а никој не доаѓа да ги гледа???

Битно, на ФБ ве има, шо ви е гајле. Е, моја ФАЛАНГО, у ствари, помодарска фалангичке …