ПОЧЕТНА Евролига Уште едно место во Евролига, балканците навалија?

Уште едно место во Евролига, балканците навалија?

сподели
Eurocup

Со победата против Олденбург на Војдан Стојановски, со чисти 3:0, неговата поранешна екипа Алба обезбеди учество во елитното натпреварување, затоа што ќе игра во финалето на Германија против баварската машинерија.

Баерн Минхен е веќе учесник (со договор) во Евролига, а шампионот на оваа земја добива тикет, што значи дека финалистот ќе се радува на елитни натпревари во сезоната што следува.

Со тоа, познати се 17 од 18 учесници за следната сезона, а за последното место сериозен кандидат е Партизан, однонсо во битката се приклучи и Цедевита Олимпија која што подготвува бомбастичен буџет од над 8 милиони евра (Евролигашки минимум).

За сезоната што следи, руските УНИКС, Локомотив и Зенит ќе конкурираат сигурно, црногорската Будуќност најверојатно, а хрватско-словенечкиот проект се очекува да го стори тоа од наредната сезона (2020/21), затоа што беше формиран пред неполн месец.