ПОЧЕТНА А Репрезентација Уште еден тежок пораз за крај

Уште еден тежок пораз за крај

сподели

Македонската женска репрезентација загуби од Хрватска со 90:27 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2019 година.

Само четири кошаркарки постигнаа поени во нашиот национален тим, а Анжелика Митрашиновиќ реализира повеќе од половина од нив (14 од 27). Хрватките имаа речиси двојно повеќе скокови од нашите (60-31), а македонската репрезентација заврши со 23 загубени топки.

Аплицирајте веднаш за

Во циклусот квалификации за Европското првенство, Македонија претрпе шест порази на исто толку натпревари, а само Албанија има послаба кош-разлика од сите селекции кои учествуваа.

Ако има нешто позитивно во ова, тоа е враќањето на женската репрезентација на меѓународна сцена по неколкугодишна апстиненција.

Во ноември 2019 година, нашите кошаркарки ќе ги почнат квалификациите за Европското првенство во 2021.