ПОЧЕТНА Интернационалци Уште еден гигант падна пред Емил Рајковиќ

Уште еден гигант падна пред Емил Рајковиќ

сподели

Екипата на Астана продолжува да приредува изненадувања во регионалната ВТБ лига. Казахстанскиот претставник славеше на гостувањето кај Локомотив Кубан со 71:90 и се искачи на четвртата позиција на табелата по поразот на Зенит.

Домаќините ги контролираа играта и резултатот во првото полувреме, на моменти имаа и двоцифрена предност, но се се смени во вториот дел во кој Астана постигна 54 поени. Клучна беше серијата од 13:0 во последниот период по која тимот на Емил Рајковиќ „избега“ на +14.

Блескаше Ентони Клемонс кој за 39 минути постигна 30 поени и 10 скока, Џенкинс додаде 18 поени, а О’Брајан 15.

Локомотив Кубан е еден од најдобрите руски клубови, пред три сезони стигна и до полуфиналето на Евролигата и го освои третото место на завршниот турнир.

По 8 одиграни натпревари, Астана има биланс од пет победи и три порази, а интересно е тоа што триумфираше на сите четири гостувања досега.