ПОЧЕТНА Некатегоризирана Уште еден АБА-лигаш од Белград

Уште еден АБА-лигаш од Белград

сподели
фото: KK Mega Bemax

Српската престолнина е единствена со повеќе од два тима во регионалното натпреварување, но претстојната сезона сите четири претставници на нашиот северен сосед ќе бидат од овој град.

Монотонијата досега ја разбиваше Мега Бемакс, но и овој клуб одлучи да се врати на корените, во градот во кој е основан и играше до пред шест години. Откако влезе во АБА лигата, пет сезони ги пречекуваше своите ривали во Сремска Митровица и една во Смедерево.

„Во име на кошаркарскиот клуб Мега Бемакс би сакал да им се заблагодарам на граѓаните и нашите навивачи во Сремска Митровица на сета поддршка која ни ја даваат во овие пет години, период во кој ги остваривме најголемите успеси.

Имавме беспрекорна соработка со сите институции во градот и се надевам дека навивачите кои ги стекнавме таму ќе продолжат да навиваат за нас“, изјави генералниот менаџер на Мега Бемакс, Горан Цакиќ.

Своите ривали во српското првенство оваа екипа ги дочекува во „Мега фактори“, но не се знае во која сала ќе игра како домаќин во АБА лигата.