ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште двајца Американци и еден Македонец во тимот на Шкупи

Уште двајца Американци и еден Македонец во тимот на Шкупи

сподели
Виктор Серафимовски (лево) на натпреварот против Работнички

Екипата на Шкупи значително засилена ќе го игра преостанатиот дел од Првата македонска лига. По Ервин Цого и Жонатан Догбо, тимот се засили со уште тројца кошаркари од кои двајца Американци и еден домашен играч.

Во Чаир се пресели довчерашниот член на Гостивар, Виктор Серафимовски кој, практично, се враќа во Шкупи чиј играч беше до 2015 година. Серафимовски беше еден од најзаслужните за промоцијата на Гостивар во Првата лига минатата сезона, но во оваа натпреварувачка кампања немаше голема минутажа.

Во Чаир по поголема минутажа – Серафимовски (средина)

Настапи на девет натпревари со просек од 10,8 минути и учинок од 2,7 поени, 0,6 скокови и 1,4 асистенции. Во својата кариера, 27-годишниот бек играше уште во Торус, Јуниор Фруктал, Бест и Работнички.

Покрај него, нови играчи на Шкупи се уште Маркет Донзел Хил и Дариус Рендолф.

Дариус Рендолф

Хил играч на крилната позиција, висок е околу два метра, а бил член на Универзитетот Фајетвил Стејт. И Дариус Рендолф е крило, висок 196 сантиметри, играл на Универзитетот Роберт Морис.

Маркет Донзел Хил

Сите тројца ќе имааѕт право на настап во претстојното коло од Првата кошаркарска лига во кое Шкупи гостува кај шампионот МЗТ Скопје.