ПОЧЕТНА Интернационалци Успешен предновогодишен викенд на нашите во странство

Успешен предновогодишен викенд на нашите во странство

сподели

Четворица македонски репрезентативци имаа натпревари со своите екипи во овој празничен период, тројца од нив славеа победи.

Капитенот Војдан Стојановски со Олденбург дојде до шестата победа во низа, славејќи на гостувањето кај Вурцбург со 78:88. Нашиот кошаркар на теренот помина речиси 13 минути и постигна четири поени и еден скок, но многу поважно е што Олденбург се посериозно притиска на втората позиција на табелата на кое е Алба.

Победа на гостински терен славеше и Хувентус на Нено Димитријевиќ кој го држи осмото место, последно кое води во плеј-офот, но и на завршницата од Купот. Македонскиот репрезентативец имаше едно од своите послаби изданија, не постигна поен, но и не играше многу, само осум минути.

Аплицирајте веднаш за

Традиционално, најдобар беше Стојан Ѓуроски. Не само затоа што постигна 15 поени за Хуеска, туку и поради тоа што беше сигурен во завршницата кога се одлучуваше победникот. Неговиот тим славеше со 81:87 и е на делба на второто место на табелата во Втората лига на Шпанија.

Единствениот кој претрпе пораз е Шејн Витингтон кој за новиот клуб Естудијантес дебитираше против стариот – Андора. „Студентите“ загубија со 96:82 и останаа во зоната за испаѓање. Витингтон играше речиси 14 минути, постигна четири поени и три скока.

На победите им се приклучи и македонскиот стручњак во романското првенство Александар Тодоров кој со Крајова славеше против Клуж со 72:70.