ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УО на МКФ ќе решава за регуларноста на иницијативата на Владо Илиевски

УО на МКФ ќе решава за регуларноста на иницијативата на Владо Илиевски

сподели

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација заседава (од 17:00 часот) со цел да ја утврди валидноста на потписите што беа поднесени во просториите на МКФ, а се однесуваат на барање за Вонредно собрание на кое што ќе се гласа (не)доверба на актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски.

Ако се е во ред со иницијативата, тогаш Вонредното собрание треба да биде свикано најдоцна 30 дена од поднесувањето на барањето, што значи крајниот рок е 11-ти февруари, со оглед на тоа што потписите беа поднесени на 10-ти јануари, велат претставници на МКФ.

Последната седница на членките на македонската кошаркарска организација заврши неславно, без крај (беше прекината) и без конкретни решенија по точките на дневниот ред, со меѓусебно препукување и со (за вакви настани) недолично однесување на дел од актерите кои што беа присутни.