ПОЧЕТНА Евролига Убедлив старт на руската чизма

Убедлив старт на руската чизма

сподели
euroleague.net

ЦСКА Москва ја прегази Басконија за 1:0 во четвртфиналниот филтер, за пласман на завршниот Евролига турнир, со 94:68.

Триумфот е 15-ти по ред против шпанската екипа, во Москва, а го зачинија Родригез со 19 поени и 5 асистенции, Хигинс со 12 поени, Де Коло со 11 и Курбанов и Клајбурн со по 10 поени.

Сите 12 играчи на ЦСКА имаа по најмалку 3 поени. Шавон Шилдс имаше 17 поени кај поразените, а Венсан Поарие и Дарун Хилиард постигнаа по 12.

Серијата се игра до три победи, во форматот 2-2-1.