ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Убаво е кога во Парк има (убава) публика

Убаво е кога во Парк има (убава) публика

сподели

Нашата најтрофејна и воедно една од најмалите сали во Македонија, за кошаркарски натпревари, се поретко е исполнета. Зборуваме за трибините, каде што седат љубителите на кошарката.

Некогаш, таму имаше многу млади деца, кошаркари и кошаркарки, кои што беа дел од помладите секции на центарци, или од другите екипи. Доаѓаа да гледаат и да учат, да бидат во тек.

Во истото тоа време, за кое што зборуваме погоре, на трибините имаше и други познавачи на спортот, кои што особено ја сакаа кошарката. И тие доаѓаа да гледаат и да бидат во тек.

Нашата кошарка никогаш не била посебна екстра класа, иако во минатото повеќе внимание се посветуваше на едукацијата на кошаркарите, на производството на играчите, на сите старосни генерации во еден клуб.

Најголемата фабрика за играчи беше токму Работнички. Во оваа мала, за модерно време „никаква“ сала, се изродија СИТЕ ѕвезди на македонската кошарка. И оние што потекнуваат од школата на Работнички и оние што на друго место не можеа да освојат титула.

Убаво е и денес, кога ќе се види дека в сала доаѓаат убави луѓе, што го сакаат спортот, што ја сакаат кошарката. Велиме убави, затоа што искрено го чувствуваат овој спорт, како свој.

Никој не може да не убеди, дека во потесниот круг згради и куќи околу градскиот парк, нема 1.000 љубители на кошарката, кои што може да доаѓаат на секој натпревар, на кои што не им се битни условите или перформансот, туку едноставно ја љубат оваа игра.

Но, зошто ги нема, никогаш нема да сфатиме. Никогаш!