ПОЧЕТНА Евролига Турците потклекнаа во Милано, Реал и Панатинаикос преживеаја пеколни гостувања

Турците потклекнаа во Милано, Реал и Панатинаикос преживеаја пеколни гостувања

сподели
euroleague.net

Во највозбудливиот меч во петтото коло, Армани Џинс славеше против Ефес со 81:80 во натпреварот што се играше до последната секунда. Домашната екипа водеше со +14 на стартот на последната четвртина, но мораше да ја спасува Мајк Џејмс со тројка на истекот на времето.

Американецот имаше 15 поени (2/10 за два поена, 2/10 за три поени, 10 скока, 6 асистенции), зад него беа Владимир Мицов (5 асистенции) со 14 поени и Артурас Гудаитис со 13 поени (11 скока). Кај поразените, Ејдријан Моерман имаше 23 поени, а трагичарот Мициќ кој што ја загуби последната топка имаше 15 поени со 7 скока и со 4 асистенции.

euroleague.net

Актуелниот европски шампион се врати по негатива од 14 поени во првото полувреме, за побед кај Жалгирис со 79:90. Кралевите остануваат непоразени по 5 кола и го делат врвот со ЦСКА Москва. Литванците имаат 2/3, сите три порази на домашен терен.

Аплицирајте веднаш за

Руди Фернандез постигна 12 во последниот период, од вкупно 15-те поени, погоди 5/7 тројки, а имаше и 7 асистенции. Ајон имаше 13 поени со 10 скока и 4 асистенции, односно 3 украдени топки. Кај поразените, Јанкунас имаше 18 поени со 7 скока и со 3 асистенции.

euroleague.net

Грчкиот гигант спасуваше глава кај Будуќност во Подгорица, за првата победа на гостински терен сезонава, изразена со 5 позитива (67:72) против екипата што беше топовско месо за претходните противници.

Дешон Томас го предводеше ПАО со 14 поени, Калатес имаше 10 поени и 9 асистенции. Во 5-тиот пораз за Будуќност, Ален Омиќ реализира 16 поени со 10 скока, а Никола Ивановиќ имаше учинок 12 поени, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки.

euroleague.net

Химки конечно зграпчи полн плен, во мечот со Гран Канарија, победувајќи со 87:72 за првиот триумф сезонава. Двете екипи сега имаат по една победа и по 4 порази.

Алексеј Швед беше најдобриот стрелец кај екипата од руската престолнина, со 24 поени и со 7 асистенции. Анжејс Пасечник постигна 9 поени, со 9 скока, 3 украдени топки и 2 блокади за поразените.

euroleague.net

Во следното коло се игра грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, Фенербахче гостува кај Басконија, Олимпија игра во Милано против ЦСКА Москва, а Реал Мадрид оди во Тел Авив кај Макаби.

Баерн се соочува со Дарушафака, Гран Канарија со Анадолу Ефес, Химки игра уште еднаш дома – сега против Барселона, а Будуќност исто така во втор меч по ред на домашен терен, ќе се соочи со Жалгирис.