ПОЧЕТНА Избор на уредникот Турците дојдоа – што доби МЗТ Скопје, од Џевахир Холдинг?

Турците дојдоа – што доби МЗТ Скопје, од Џевахир Холдинг?

сподели

Поранешниот македонски шампион, кој што владееше 6 сезони пред минатата да биде симнат од престолот од најлутиот ривал, потпиша договор со една од најбогатите, ако не е и најбогатата турска фирма која што стапнала на македонско тло.

Џевахир Холдинг ќе го финансира тимот од Аеродром, населбата, односно општината во која што ги изгради највисоките згради во историјата на Македонија. Џевахир го гради и Сончевиот град во Скопје (Skopje Sun City, извор: european-times.com).

Аплицирајте веднаш за

Кој е Џевахир?

На почетокот, да ве запознаеме со портфолиото на најновиот и најбогатиот спонзор (кој што има 10-тина илјади вработени или ангажирани работници и соработници) на МЗТ Скопје, во историјата на оваа македонска екипа.

Џевахир Холдинг оперира на светско ниво, работи со шопинг центри, хотели, градежништво, рударство, осигурување, трговија, инвестиции и обезбедување. Компанијата е формирана 1959-та година, со седиште во Истанбул.

Шопинг центарот Џевахир во Истанбул е најголемиот во Турција, беше најголем (според корисната површина) во Европа (од 2005 кога беше изграден, се до 2011) и е еден од најголемите во светот, со 25 милиони посетители преку годината.

Каков е договорот?

Турската компанија ќе финансира во македонскиот бренд една година (сезоната која што треба да почне во октомври), според првичниот договор, со надеж, како што рекоа и двете страни, за подолгорочна соработка.

Финансиските детали од договорот не се откриваат и остануваат деловна тајна, така решиле и двете страни – да не се соопштува јавно, финансиската инјекција што ќе ја добие сино-белиот скопски тим.

Која е позадината на договорот?

Секоја компанија, која што троши пари, бара нешто за возврат. Така функционира модерниот свет, во кој што во преден план е профитот.

Есер Џевахир, претставникот на фамилијата сопственик на компанијата, изјави дека проектот што неговата фирма го почнува со МЗТ Скопје, е предизвикан од општествената одговорност што ја чувствува овој субјект, кој што егзистира (и) на нашиот пазар.

Ние инвестираме во кошаркарски клуб, но сакаме да донесеме напредок во општеството, во заедницата како целина. Сакаме да придонесеме генерации да растат во хармонија и да ги научат вредностите во животот.

Првичниот договор е постигнат на една година, но резултатите на МЗТ Скопје оваа сезона нема да бидат примарниот мотив за евентуална соработка и понатаму.

Очекуваме да има големи успеси не само на домашен, туку и на меѓународен план, но во исто време свесни сме и дека во спортот има голема конкуренција. – рече Есер Џевахир.

Што добива МЗТ Скопје, со овој договор?

Не е важно дали е најбогат, битно е дека МЗТ добива богат спонзор. Богат спонзор, значи сигурни пари. Стабилни финансии, значат добри резултати.

По сето ова, следува уште еден услов – вистинско стопанисување и управување со средствата што се добиваат.

Тоа значи – купување квалитетни домашни играчи, ангажирање квалитетни странци и квалитетна работа со младинската школа. И, секако, ангажман на квалитетни тренери на сите нивоа. Предуслови што се основа на еден модерен и успешен кошаркарски клуб.

Освен што ќе добие сигурен и стабилен партнер, МЗТ Скопје добива и будно око, кое што има високи стандарди на постење и ќе го следи секој чекор на нашиот тим.

Турските компании се познати по тоа дека не ги фрлаат своите пари лесно, односно од партнерите бараат максимална посветеност и резултат.

Затоа се успешни и затоа можат да се распостелат насекаде по светот, затоа и имаат резултати, затоа што работат еснафски и домаќински.

Во кошаркарска смисла, доказ се кошаркарските клубови и спонзорите кои што се главни во елитното натпреварување, Евролига која што го носи (и) името на турската авиокомпанија, Туркиш Ерлајнс.

И останатите турски спортови се на високо ниво – зборуваме за фудбалот, одбојката и некои индивидуални спортски гранки.

„Ние сме фамилијарна компанија, со децении искуство во многу сектори. Нашите партнери можат многу да добијат од нашите локални експертизи без разлика дали ќе решат да влезат на овој пазар или да се прошират на други.“ – изјави (2014) Есер Џевахир, за european-times.com.

Се споија фамилијата Џевахир и фамилијата МЗТ Скопје

Резултатот би требало да се почувствува за кратко време. Македонските натпреварувања се првата пречка, што МЗТ ќе сака да ја помине – враќање на титулата во првенството и задржување на трофејот во Купот.

Ако навистина целта на оваа соработка е и пробивање на евробариерите, кои што за нашите кошаркарски клубови стануваат се подебели, тогаш ќе кажеме – Buyrum, Hosgeldiniz ve guveniniz icin tesekurler beyler (Повелете, добредојдовте и благодариме за довербата, господа).