ПОЧЕТНА Евролига Турска лекција за ПАО, Барса преживеа, Макаби се посрамоти

Турска лекција за ПАО, Барса преживеа, Макаби се посрамоти

сподели
euroleague.net

Анадолу во Истанбул го преслуша Панатинаикос и победи со 78:62. Турците сега имаат 5/2 на табелата, додека грчката екипа има 4 победи и 3 порази.

Родриг Бубоа постигна 19 поени за победникот, Моерман додаде 14, а Данстон имаше 14. Ник Калатес и ДеШон Томас имаа по 11 поени за гостинската екипа.

euroleague.net

Барселона е на делба на четвртата позиција, по триумфот по продолжението кај Жалгирис со 85:88. Каталонците имаат 5 победи и 2 пораза, додека литванскиот тим има 3 победи и 4 порази, без победа на домашен терен во новата сезона.

Аплицирајте веднаш за

Куриќ имаше 15 поени (5/6 за три), Томиќ 14, Ертел и Блажиќ по 11 за Барса, а кај домашните Арон Вајт постигна 21 поен и беше најдобар стрелец на натпреварот.

euroleague.net

Гран Канарија ја совлада Гордоста на Израел со 84:78 и ја прекина низата од четири порази. Шпанците ги предводеше Крис Еванс, со 17 поени. Кај гостите, Мајкл Рол имаше 15 поени.

Гран Канарија ја оствари само втората победа во седум натпревари на почетокот на сезоната, додека некогашниот европски шампион има само една победа и шест порази, со низа од четири загубени дуели.

euroleague.net

ЦСКА Москва погоди 13 тројки за триумф кај Баерн Минхен со 79:93. Руската екипа е една од двете непоразени по 7 натпревари, заедно со Реал Мадрид.

Кори Хигинс постигна 18 поени за победникот, Нихад Ѓедовиќ и Дерик Вилијамс постигнаа по 14 кај домашните.

euroleague.net

На табелата водат Реал и ЦСКА, пред Фенербахче со еден пораз во досегашниот дел од сезоната. Следуваат Милано, Анадолу и Барселона со по 5 победи по седум одиграни рунди.

Во следната, дерби пресметката е меѓу Панатинаикос и Барселона, во ОАКА арената во грчката престолнина Атина.