ПОЧЕТНА Избор на уредникот Тројката со која Дурант му пресуди на Кливленд (ВИДЕО)

Тројката со која Дурант му пресуди на Кливленд (ВИДЕО)

сподели

Кога лани Голден Стејт го донесе Кевин Дурант во своите редови, од него очекуваше да блесне во најтешките моменти и да биде потпира на Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Изгледа дека целта е исполнета бидејќи ноќеска Дурант му пресуди на Кливленд во клучните моменти. Далеку од тоа дека ѕвездата на Вориорс не беше на ниво и во досегашниот дел од сезоната, но во третиот меч постигна тројка со која го комплетира пресвртот и го донесе својот тим на една победа од титулата.

https://twitter.com/Bballforeverfb/status/872665446520147968