ПОЧЕТНА НБА Трофејниот НБА тренер доаѓа во ФИАТ

Трофејниот НБА тренер доаѓа во ФИАТ

сподели
Лери Браун му беше тренер на Ален Ајверсон, во Филаделфија 76.

Еден од најхаризматичните тренери преку Океанот, кон крајот на кариерата ќе се скраси во италијанското првенство, во екипата од Торино, што е прв европски ангажман за членот на Куќата на славните.

Фиат Торино ја објави оваа информација со соопштение во кое што се величаат квалитетот, талентот и кошаркарската култура на 77 годишниот стратег, Лери Браун.

Браун е единствениот тренер што ги освоил НБА и НЦАА титулите, 2004-та со Детроит Пистонс (во финалето против Лејкерс и најтрофејниот НБА тренер Фил Џексон), односно во 1988-та година со Канзас Џејхокс.

Аплицирајте веднаш за

Во својата колекција, ги има златните медали од ЛОИ со САД како играч (1964) и како асистент тренер (2000), односно бронзата (2004) во улога на селектор на американската репрезентација.

Во 2002-та година, Лери Браун беше индуктиран во Куќата на славните на Џејмс Најсмит.

Претходната сезона, Торино заврши на 11-та позиција во италијанскиот шампионат, а се уште не е донесена одлука дали следната ќе продолжи во УЛЕБ Еврокупот, или ќе игра во ФИБА Лигата на шампионите.