ПОЧЕТНА Интернационалци Три од три за нашинците

Три од три за нашинците

сподели
VTB league

Екипата на Монако славеше тесно на гостувањето во Истанбул, против Галатасарај, со 85:86 во рамките на 4-то коло во Групата А во УЛЕБ Еврокупот.

Тимот предводен од македонското тренерско дуо, Сашо Филиповски и Боби Митев, сега е на првата позиција, со идентичен скор како и Црвена звезда (3/1) која што славеше против Улм.

Ненад Димитријевиќ постигна 12 поени за 16 минути, имаше 1 асистенција и 4 скока, во триумфот на Хувентуд на гостувањето кај Бреоган во АЦБ лигата.

Аплицирајте веднаш за

Екипата од Бадалона е на 6-та позиција со скор 3/2. Во следното коло, на 28-ми октомври, нашиот репрезентативец ќе гостува кај екипата на Барселона.

Тимот на нашиот тренер Емил Рајковиќ победи против Тобол во казахстанското првенство и остана на лидерската позиција на табелата, без пораз во новата сезона.

Астана има 5 победи во 5 дуели, по победата 78:72 и е во одличен ритам на сите фронтови. Ќе потсетиме дека во минатото коло во регионалната ВТБ лига совладан беше Зенит, а зледува гостување кај Зиелона Гора.