ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Три засилувања за Вардар: Темелковски, Цветковски и Американец

Три засилувања за Вардар: Темелковски, Цветковски и Американец

сподели

Повратникот во Првата лига на Македонија значително го засили својот состав пред стартот на вториот дел од сезоната.

Пред гостувањето кај Куманово, нови „вардарци“ станаа довчерашниот играч на Работнички, Славчо Темелковски, поранешниот член на Блокотехна, Андреј Цветковски и американскиот плејмејкер Ник Тарнер.

Славчо Темелковски

Последниот доаѓа на местото на Џуниус Провел, најдобриот стрелец во есенската полусезона кој во меѓувреме најде ангажман во Грузија и таму ќе ја продолжи кариерата. Тарнер доаѓа од австрискиот прволигаш Грац, а претходно настапувал во НЦАА лигата.

Андреј Цветковски
Аплицирајте веднаш за

Дел од првиот тим на Вардар ќе бидат и браќата Наумоски, Михаил и Адриан кои првиот дел од сезоната го поминаа во турскиот Галатасарај.

Ник Тарнер

Интенцијата на клубот, како и досега, е во екипата да има што повеќе домашни кошаркари, по можност членови на младинските репрезентации.