ПОЧЕТНА Во позадина Трите тенори на МЗТ, или на Работнички?

Трите тенори на МЗТ, или на Работнички?

сподели

Ретко може да видиме толку наши ѕвезди од поранешните кошаркарски години, на едно место, ако не се соберат природно, за кошарката. Таков беше случајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и Работнички, во полуфиналето до 18 години.

Во салата Градски парк, на трибините, еден до друг беа Tони Симиќ, Тони Грнчаров и Огнен Стојановски, највозрасниот брат во семејството на близнаците Војдан и Дамјан.

Симиќ е тренер во Партизан Водно Санс, неговиот син Теодор (2004) игра во Барселона. Грнчаров е прв оперативец на МЗТ Скопје, Стојановски е прв човек на малдинските категории на клубот од Аеродром.

Симиќ почна во МЗТ Скопје, се радуваше во Купот, а потоа во три наврати играше во Работнички каде што освојуваше титули. Грнчаров ја освои првата титула на МЗТ, но претходно освои една со Работнички. Стојановски освојуваше титули со двете екипи.

Сигурно им се драги сите трофеи, прашањето е која екипа им е повеќе врзана за срцето?