ПОЧЕТНА НБА Трите билборди, мамка за Леброн

Трите билборди, мамка за Леброн

сподели

Патниците по автопатот И480 во Кливленд беа вознемирени од појавата на три натписи, со кои што една компанија од Честер, Пенсилванија тргна во лов на Кралот на НБА лигата.

Билбордите се поставени на 10-тина километри од Квикен Лоанс Арена, домот на Кавалирс, а на нив пишува – 23 со круна и со бројките на Симонс, Ембид, Шариќ и Ковингтон на едниот, Комплетирај го процесот на другиот и Фили го сака Леброн на третиот.

Кампањата е инспирирана од крими-филмот номиниран за неколку престижни награди, со наслов „Трите билборди во Ебинг, Мисури“, кој што минатата година доживеа огромен успех на филмската сцена.

Севентисиксерс доаѓаат да играаат во Кливленд во натпревар што ќе се пренесува во живо, а франшизата не смее да биде поврзана со билбордите затоа што тоа би било спротивно на правилата на НБА.

Првиот човек на компанијата „Пауер Хаус Ремоделинг“, која што ги поставила билбордите за наредните 3 месеци, изјави дека морал да го вметне и логото на својата фирма поради законите во САД.

„Со овој потег сакаме да му покажеме на Леброн дека го сакаме кај нас, Филаделфија е најубавиот град за спортитстите.

Сакаме сите најдобри да играат кај нас. Со 76-ерс, Леброн може да освои уште 1 или 2 прстена, најмалку.“ – се зборовите на Ашер Рафаел.