ПОЧЕТНА АБА Трет пораз на АВ Охрид во АБА 2 – и тоа каков!

Трет пораз на АВ Охрид во АБА 2 – и тоа каков!

сподели
Фото: AV Ohrid/Mega Production

Единствениот македонски претставник во АБА 2 лигата, АВ Охрид го претрпе и третиот пораз.

Овој најболен и најубедлив – со 61:111 од лидерот на табелата Вршац. Српскиот тим дојде во Охрид за да ја демонстрира и потврди својата моќа и целосно успеа во тоа.

АВ Охрид почна лошо, губеше со 0:7, но израмни на 9:9, израмнето се играше до почетокот на шестата минута, а потоа почна шоуто на Вршац. Прво со серија од 9:0, а во втората четвртина и со 10:0, па веќе на полувреме гостите ја минаа границата од 20 разлика во своја корист (53:32).

Се понатаму беше само формалност, но во последните десет минути нашиот тим целосно се предаде и му дозволи на противникот да си замине со победа која и не заслужи да биде толку убедлива.

Со исклучок на Бери и Цонков, другите кошаркари на АВ Охрид тотално потфрлија и заедно постигнаа само 17 поени. Кај Вршац беше обратна ситуацијата: ниеден играч особено не се истакна, но сите се запишаа во листата на стрелците.