ПОЧЕТНА Некатегоризирана Тренерот на ПАО ќе штрајкува – со небричење!

Тренерот на ПАО ќе штрајкува – со небричење!

сподели

Кошаркарите на Олимпијакос не излегоа на мегдан со Панатинаикос во четвртфиналето од грчкиот плеј-оф и се очекува деновиве формално да бидат исфрлени во понизок ранг.

Во празната арена ОАКА актуелниот шампион играше меѓусебен натпревар, но целокупната ситуација не го остави рамнодушен тренерот на ПАО, Рики Питино.

„Не можам да зборувам за Олимпијакос, но можам за Панатинаикос. Разочарувачки е сето ова бидејќи дојдов да го водам овој тим за кошарка, а не за спортско морализирање.

Разочарани сме што Федерацијата дозволи да дојде до ова. Требаше се да заврши до 15 јуни, а сега се во ситуација да не играме“, рече Питино.

Како знак на протест поради она што се случува тој одлучи да не се бричи додека е на принуен одмор.

„Платен сум да го водам Панатинаикос и да дадам некој совет за иднината на клубот. Во овој момент не можам да дочекам да играме повторно и затоа ќе пуштам брада. Нема да се бричам додека не почнеме да играме повторно“, додаде американскиот стручњак.