ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тренерот го предупреди играчот дека ќе си ја загуби девојката

Тренерот го предупреди играчот дека ќе си ја загуби девојката

сподели

Стратегот што ја предводеше Барселона до првата европска титула, освоена на завршниот турнир 2003-та одигран во олимпискиот комплекс Монжуик во овој град, се нашали на сметка на еден од своите кошаркари.

Летонецот Роланд Шмитс тренира(л) толку напорно, што буквално живее(л) во салата Блауграна, изјави тренерот на Каталонците, кој што повторно ги врати меѓу живите со одличната форма што ја наметна сезонава.

„Го прашав дали има девојка, а тој веднаш ми рече да, имам. Јас му реков дека ако продолжи волку да тренира, ќе ја загуби.

Многу е амбициозен и константно е во тренинг, не си оди дома. Многу сум среќен поради неговиот став и мислам дека тој е важен играч за нас.“ – рече Светислав Пешиќ.

Барселона се бори за пласман во плеј-офот во Евролига, каде што долго време, од 2010-та е во сенка на останатите екипи, а воедно се бори и за првата позиција, со Реал Мадрид во АЦБ лигата, место што обезбедува предност домашен терен во битката за титулата.

Каталонската гордост ја освои титулата во Купот на Кралот во контроверзното финале против Реал Мадрид, во кое што и беше признат непостоечки кош за победа во последната секунда, а претходно имаше контроверзен контакт кој што не беше окарактеризиран како фаул за Барса.

фотографии: FC Barcelona