ПОЧЕТНА Европски лиги Требаше да биде ден на Наваро, ама почина татко му

Требаше да биде ден на Наваро, ама почина татко му

сподели

Легендарниот шпански кошаркар нема да биде во центарот на вниманието на првото Ел Класико од сезоната.

Барселона го пречекува Реал Мадрид во дербито на 10-тото коло од АЦБ лигата, закажано беше повлекување на неговиот број 11 во Палау Блауграна, но церемонијата е откажана поради трагедија што му се случи на Хуан Карлос Наваро.

Утринава починал неговиот татко и еден од најдобрите европски кошаркари во последните две децении нема да ја добие најголемата чест што ја укажува клуб. Повлекувањето на неговиот број е откажано, а новиот датум дополнително ќе биде одреден.

Наваро помина 21 година во првиот тим и 27 години вкупно во Барселона. Отстапи само една сезона, кога играше во НБА лигата, но потоа се врати во Блауграна и таму го дочека крајот на кариерата.

Тој ќе биде петти кошаркар во историјата на клубот чиј број ќе биде повлечен од употреба по Хименес (4), Солазабал (7), Дуењас (12) и Сан Епифанио (15).

Големото дерби на шпанската кошарка се игра од 19:30 часот, домаќин е екипата на Барселона.