ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тргната суспензијата, Шкупи ќе игра со Вардар

Тргната суспензијата, Шкупи ќе игра со Вардар

сподели
фото: KB Shkupi

Чаирскиот прволигаш ги елиминира проблемите со кои се соочи минатата недела и во шестото коло ќе го продолжи својот пат во Првата лига.

Долговите кон Македонската кошаркарска федерација, поради кои Шкупи беше суспендиран претходниот викенд, се подмирени и во следниот круг екипата ќе го пречека Вардар на домашен терен.

„Нема сила што ќе го сопре Шкупи на патот до успехот. Во блиска иднина нашиот клуб ќе биде синоним за врвни резултати на домашна и меѓународна сцена.

Енвер Мифтари

Моменталната криза полека минува, ни беше тешко, но наскоро сето ова ќе биде минато. Ве уверуваме дека допрва почнува ерата на КК Шкупи“, изјави за basketball.mk, првиот човек на клубот Енвер Мифтари.

Наскоро клубот треба и официјално да го добие долгонајавуваниот спонзор кој се очекува уште од летниот период.

Аплицирајте веднаш за

Деновиве треба да се знае и дали ќе се одигра натпреварот против Пелистер кој беше откажан поради суспензијата на Шкупи.