ПОЧЕТНА А Репрезентација ТРАЈКОВСКИ: Сплотени сме, очекуваме победа

ТРАЈКОВСКИ: Сплотени сме, очекуваме победа

сподели
фото: МКФ

Бојан Трајковски можеби најдобро ја познава косовската репрезентација, играше во првенството на нашиот сосед, а својот квалитет го покажа и во првиот меѓусебен дуел, во септември.

По неколку сезони во татковината, крилниот играч повторно одлучи да замине во странство и во првите месеци е во добра форма.

Така очекуваме да игра и за репрезентацијата на дуелот со Косово на 2 декември во Гевгелија.

„Нема да биде воопшто лесно да се совлада Косово. Можеби полеснителна околност ќе ни биде ако за нив не игра најавениот кошаркар од САД.

Аплицирајте веднаш за

Но, ние не треба да размислуваме толку за нив, туку за нас. Треба добро да се подготвиме и да атакуваме на посакуваната победа.

Лично, играм во добра форма во странство, се надевам дека истото ќе го пренесам и во националниот тим. Сите сплотени, сакаме да дојдеме до победа“, рече 32-годишниот репрезентативец.