ПОЧЕТНА А Репрезентација ТРАЈКОВСКИ: Ние имаме уште година-две, потребни се млади сили во репрезентацијата

ТРАЈКОВСКИ: Ние имаме уште година-две, потребни се млади сили во репрезентацијата

сподели
фото: ФИБА

Македонскиот национален тим беспрекорно „вози“ во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Остварена е третата победа, на крилјата на некои од најискусните кошаркари во репрезентацијата во моментов, генерацијата на Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Александар Костоски итн.

Блиску е денот кога ќе дојде до подмладување, а прашањето за тоа прв го отвори Трајковски по натпреварот против Косово.

„Јасно е дека на македонската репрезентација не и е тука местото, но потребни се млади сили во тимот. Ние сме веќе во години, имаме уште 1-2 години и толку ќе биде од нас.

фото: ФИБА

Треба некој да не наследи за нашата кошарка да не се враќа назад и да не доживуваме нови разочарувања“, изјави 32-годишниот крилен центар.

Аплицирајте веднаш за

Во врска со натпреварот против нашиот сосед, поранешниот играч на Работнички, МЗТ Скопје, Фени Индустри, Куманово и МЗТ Скопје е категоричен дека тоа не е максимумот од овие кошаркари.

„Последните денови постојано зборувавме дека не смее да дојде до опуштање, дека треба да играме со ист интензитет сите 40 минути. За жал, дојде до осцилации во играта кои не се дозволени.

фото: ФИБА

Најважно е што завршиме со победа, трета во овој циклус и се надевам дека ќе останеме здрави до февруари кога го играме клучниот натпревар. Против Романија имаме 14 поени предност, но не „спиеме на тоа уво“, како во случајот со Швајцарија, ќе се обидеме и таму да победиме бидејќи сите сега сме во одлична форма, играме во своите екипи и имаме поголемо искуство.

Сакам да го завршиме циклусот без пораз, а потоа ќе размислуваме за натамошниот дел од квалификациите“, додаде Трајковски.

Помогнато од Ресторан Enjoy во Гевгелија.