ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Трајковски нема да игра, но затоа тука е Симоновски

Трајковски нема да игра, но затоа тука е Симоновски

сподели

Едниот репрезентативец се уште влече повреда на тетивите, по победата против Словачка, поради што ќе мора да паузира на мечот со Гостиварци.

Другиот полека се враќа во препознатливата форма, од која што се плашат сите, знаејќи го неговиот шутерски потенцијал.

Бојан Трајковски не ја облече униформата, но затоа Марко Симоновски ќе даде се од себе да го пополни и неговиот учинок кој што сигурно ќе недостасува, на дуелот во салата „Младост“, од 18:00 часот.

Со репрезентативците – Трајковски и Симоновски во полна форма, односно Стојановски и Соколов кои што исто така влегуваат во полн ритам – аеродромци ќе бидат пеколен противник до крајот на сезоната во Македонија.