ПОЧЕТНА Интернационалци Трајковски имаше солидно деби, промаши шут за победа

Трајковски имаше солидно деби, промаши шут за победа

сподели
фото: bb1.hu, pvsk-panthers.hu

Екипата на Пакш загуби на гостувањето кај Јасберени со 91:90, во рамките на првата рунда од новата сезона во унгарската Прва лига.

Во првото коло, Трајковски одигра 23 минути за кои што постигна 7 поени (3/8 за 2, 0/2 за 3 и 1/1 за 1) зачинети со два скока и со една асистенција.

hunbasket.hu

Во последните секунди, неговата екипа имаше посед, но ја загуби топката по што домаќинот постигна брзи поени за водство.

Аплицирајте веднаш за

Во последниот напад, топката некако дојде до нашиот репрезентативец кој што мораше да шутира вон баланс и го промаши шутот за победа.

Трајковски по две сезони во домашната лига (Соколи, МЗТ) реши повторно да замине вон нашите граници. Освен во нашите најквалитетни екипи, тој претходно играше во Полска (2014/15) и во два наврата во Приштина.