ПОЧЕТНА Куп на РМ ТРАЈКОВСКИ: Бараме прошка од навивачите, конечно сонце не огреа

ТРАЈКОВСКИ: Бараме прошка од навивачите, конечно сонце не огреа

сподели
фото: МЗТ Скопје

Последно место во АБА лигата, порази во сите дерби дуели во првенството и очајна атмосфера во екипата.

Во лошо расположение МЗТ Скопје ја дочека завршницата од Купот при што речиси никој не веруваше дека може да дојде до трофејот.

Но, погрешија сите скептици, МЗТ Скопје прво и се одмазди на Блокотехна, а потоа и на Работнички за деветти триумф во ова натпреварување со што продолжи жетвата на трофеи во македонската кошарка. Бојан Трајковски беше најефикасен во финалето и најави уште подобри денови за неговиот тим.

„Многу тежок период е зад нас. Денес е голем ден, Прочка, сакам да побарам прошка од навивачите за се она што му се случуваше на МЗТ Скопје.

Од денеска вртиме нова страница, почна некое сонце да не грее, го освоивме тој толку посакуван Куп. Дојдовме тука како аутсајдери по лошите резултати во првенството и АБА лигата.

Но, јунаците на мака се познаваат. Се надевам дека ова ќе биде дополнителна мотивација која ќе не носи до крајот на сезоната. Го вративме Купот, се надевам дека и титулата со голема борба ќе остане таму каде што треба”, изјави крилниот играч на МЗТ Скопје.