ПОЧЕТНА Избор на уредникот ТРАЧ, ИЛИ НЕ: Бојан Трајковски и МЗТ Скопје се плашат да соопшат...

ТРАЧ, ИЛИ НЕ: Бојан Трајковски и МЗТ Скопје се плашат да соопшат дека се „заедно“?

сподели
Бојан Трајковски на клупата на Карпош Соколи, во финалето минатата сезона, против МЗТ Скопје.

Неофицијално, basketball.mk дознава дека кошаркарот и клубот веќе (одамна) се договориле, дури и го потпишале договорот, но потврдата се уште не излегува во јавноста поради наводен страв од некаков антагонизам кој што постои меѓу играчот и публиката, уште од времето кога тој играше за КК Куманово.

Бојан Трајковски во дресот на КК Куманово (2015/16).

Побаравме изјава од двете страни кои што се, односно би биле поврзани во случајот ако постигнатиот договор е вистина.

Одговорот на директорот на клубот Видоја Секуловски беше да му се јавиме на портпаролот, кој што пак ни рече дека кога ќе има договор ќе бидеме информирани.

Аплицирајте веднаш за

Бојан Трајковски ни го кажа истото, дека сето тоа се само шпекулации и дека кога ќе има нешто официјално тој ќе и соопшти на јавноста.

Бојан Трајковски во дресот на Карпош Соколи, во финалето на плеј-офот минатата сезона, против МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје е актуелен и 6 кратен шампион на Македонија. Бојан Трајковски е наш повремен репрезентативец. Минатата сезона, МЗТ ја освои титулата во финале против Карпош Соколи, екипа за која што настапуваше Трајковски.

Сезонава, само МЗТ Скопје ќе игра во АБА лигата, а Трајковски ќе добие шанса да продолжи со добрите настапи во ова регионално натпреварување, откако минатата играше одлично во дресот на Соколи.

Бојан Трајковски во дресот на Карпош Соколи, во финалето против МЗТ Скопје, минатата сезона.

Аеродромци создаваат македонска екипа, за сезоната што следува. Странците ги нема, си заминаа. Името на Бојан Трајковски одлично се вклопува во ваков концепт.

Прашањата што се наметнуваат, се дали навистина постои некаква „омраза“ меѓу кошаркарот и навивачите на клубот од Аеродром и дали, дури и да постои, таа омраза треба, може и смее да се постави над интересите на клубот?

Бојан Трајковски во финалето на македонскиот плеј-оф минатата сезона, дуел меѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.

Многу брзо по потпишувањето на договорот, ако тоа е вистина, basketball.mk дојде до информацијата и веднаш ги праша потенцијалните инволвирани страни, клубот и играчот, кои што експресно негираа се што ги прашавме.

Го почитуваме правото на двете страни, да ја соопштат информацијата кога ќе мислат дека тоа треба да се стори и не ја објавивме, затоа што ја дознавме од неформален извор.

Но, како што одминува времето, оваа шпекулација се појавува од повеќе страни. И други личности поврзани со кошарката и добро упатени во кошаркарските активности кај нас, зборуваат за ова, низ кулоарите. Најчудното во оваа ситуација, е зошто се молчи и нема официјална потврда.

Бојан Трајковски во дресот на Карпош Соколи, во финалето на македонското првенство, минатата сезона.

Тешко е да се верува дека навивачите, кои што пред една деценија шетаа по улици да си го спасат клубот, кои што неодамна го нацртаа најдолгиот графит во Европа, кои што несебично ја изразуваат љубовта кон својот „тотем“, би влијаеле негативно на потпис со играч кој што може да им донесе добри резултати.

На крајот на денот, кој го има последниот збор во еден спортски колектив? Замислете публиката да му ја крои екипата на европскиот шампион.

Турчинот Ибрахим Кутлај на времето играше за Панатинаикос и беше прифатен во Атина, Перо Антиќ играше за Олимпијакос и беше прифатен во Атина, а ги знаеме реалните проблеми што постојат на релацијата Скопје-Атина-Анкара.

Бојан Трајковски во дресот на Карпош Соколи, минатата сезона.

Ако нема договор меѓу МЗТ и Трајковски, однапред им се извинуваме на двете страни што креваме непотребна прашина и што ги споменуваме нивните имиња. Едноставно, од толку многу страни ја дознавме оваа „шпекулација“ што едноставно, кога нешто му мириса непријатно, човек не може да премолчи.

Но, ако е вистина, дали МЗТ Скопје и Бојан Трајковски ќе им се извинат на љубителите на спортот (кои што имаат право да бидат информирани) и ќе ја кажат вистинската причина, зошто се крие нивниот меѓусебен договор?