ПОЧЕТНА АБА ТРАГИКОМЕДИЈА: И ПАО сака во АБА

ТРАГИКОМЕДИЈА: И ПАО сака во АБА

сподели

Првиот човек на најтрофејната грчка екипа испрати официјално писмо до канцеларијата на регионалната балканска лига, во кое се наведува дека Панатинаикос сака да игра со поранешните ЈУ екипи.

Причината е барањето на Олимпијакос да игра во АБА лигата, но Панатинаикос нема да ја напушти грчката лига, туку ќе игра паралелно во двете. Сакаме да играме во квалитетна лига во која што ќе игра нашиот најголем ривал, се вели меѓу другото.

Димитрис Јанакопулос е познат во јавноста по своите испади во секој сегмент од функционирањето на неговата екипа (се расправа со публика, се меша во тренерската работа, на нож е со Евролига, …), па овој негов последен потег воопшто не е изненадувачки, туку беше и очекуван, со што се обидува и понатаму да го исмејува пирејскиот тим.

Ривалството меѓу овие две грчки екипи е двигателот на грчката кошарка, а Олимпијакос сака да ја напушти грчката лига со изговор дека сите се на страната на Панатинаикос, вклучувајќи ги и судиите.