ПОЧЕТНА Во позадина ТРАГЕДИЈА: Претседателот на Лимож почина пред Нова Година

ТРАГЕДИЈА: Претседателот на Лимож почина пред Нова Година

сподели

Претседателот на Лимож, Фредерик Форте почина од срцев удар на само неколку часа пред Новата Година.

Кон крајот на месецов тој требаше да го прослави 48. роденден, но не го преживеа инфарктот. Форте беше играч на Лимож седум години, а од 2004 ја извршуваше претседателската функција и две сезони беше тренер на тимот.

Со Фредерик Форте на чело, Лимож се врати во Евролигата, освои две шампионски титули во францускиот шампионат, а оваа сезона стигна до Топ-16 во Еврокупот.