ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тоше и Перо, повторно заедно

Тоше и Перо, повторно заедно

сподели

Тодор Гечевски и Перо Антиќ настапија во дресот на легендите на Работнички, на хуманитарниот натпревар во салата „Градски парк“, за помош на Ирена Танчева.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Аплицирајте веднаш за

Последниот пат кога овие двајца играа во истиот дрес, Македонија настапи на континенталниот собир 2013-та година во Јесенице, Словенија. Иако очекувавме сличен успех како оној во Литванија, сензацијата отпадна, освен ако не се смета убедливата победа над Србија (89:75) кога водевме и со преку 20 позитива.

Перо Антиќ и Тодор Гечевски се незаменливи алки во нашата кошаркарска историја, двајцата се инспиратори, секој на свој начин, на историскиот успех на ЕП 2011-та кога Македонија играше во Топ 4 и му беше рамноправен противник на подоцна европскиот шампион Шпшанија, во полуфиналното соочување.

Перо Антиќ (36) и Тодор Гечевски (41) се промашија „за малку“ и никогаш не играа заедно во дресот на Работнички. Едниот ја почна кариерата и настапуваше во „Градски парк“ од 1999 до 2001, а другиот во 2004 и 2014/15.

Кариерите сепак им се вкрстија во националниот состав, со кој што го постигнаа најголемиот успех на нашата кошарка, што за жал нема континуитет. Но, додека тие двајца се во кошарката, без разлика во која улога, може се да се случи, па и реприза на 2011-та.