ПОЧЕТНА Европски лиги Тотална реконструкција во Барса: Покрај Барцокас, си оди и пола екипа

Тотална реконструкција во Барса: Покрај Барцокас, си оди и пола екипа

сподели

Ужасната сезона на Барселона нема да помине без последици во играчкиот кадар и стручниот штаб.

Каталонските медиуми информираат дека во текот на летото од тимот ќе си заминат најмалку половина од кошаркарите кои оваа сезона го носеа товарот. Покрај нив, веќе неколку дена се зборува дека ќе си оди и тренерот Јоргос Барцокас иако за него уште нема официјална информација од клубот.

Засега е сигурно дека од обврските ќе бидат ослободени Ксавиер Мунфорд, Алекс Ренфро, Стратос Перпероглу и Бред Олесон чии договори нема да бидат продолжени. Извесно е и заминувањето на Џастин Долмен како и младиот Хрват, Стефан Пено. Неизвесен е и Муса Диање иако информациите за него велат дека е се поблиску до останување во тимот.

Аплицирајте веднаш за

Наспроти тоа, Барса ќе ги задржи Пау Рибас, Анте Томиќ, Маркус Ериксон, Александар Везенков, Виктор Клавер, Петери Копонен и Хуан Карлос Наваро кој изразил желба да игра барем уште една сезона и покрај повредите што го следеа оваа кампања. Засега не се спомнуваат засилувања, но се потенцира 19-годишниот Летонец, Родион Куруч кој треба да биде прекомандуван од Б-тимот.

Многу работи ќе зависат од ангажманот на новиот тренер. Најсериозен кандидат за наследник на Барцокас е Дејвид Блат, но неговата судбина ќе се знае по завршувањето на сезоната во турското првенство каде ја води Дарушафака. Ако со него не биде постигнат договор, ќе се оди на легендата на клубот Шарунас Јасикевичиус.