ПОЧЕТНА Некатегоризирана Торонто во транс, навивачите не сакаат да си одат дома

Торонто во транс, навивачите не сакаат да си одат дома

сподели
Фотоt: Peter Casey-USA TODAY Sports

Единствениот канадски тим во НБА лигата е пред историска прва титула, 24 години откако е формиран.

Во финалната серија против Голден Стејт Вориорс води со 3:1, а следниот, петти натпревар се игра на негов терен. Тоа предизвика невидена еуфорија во Торонто каде последните денови доаѓаат навивачи од цела Канада за да бидат сведоци на еден од најважните моменти во постоењето на НБА.

Паркот Јура, кој во текот на целиот плеј-оф беше главно собиралиште на фановите, овие денови е преполн. Трите дена пауза од четвртиот до петтиот меч создаваат проблеми, па некои од нив се дојдени со куфери.

„Ќе бидеме овде додека не почне натпреварот. Спиеме наизменично бидејќи ги чуваме работите кои ги носиме. Имаме намирници и мала мобилна скара за да издржиме неколку дена. Имам и шампон и книги“, вели еден од навивачите кој е дојден со свој пријател.

Спијат во шатор и тоа на смени за да не го загубат местото во првиот ред, пред големиот видео бим на кој се емитува пренос од натпреварите.

Петтиот меч од финалната серија е на програмата на 11-ти јуни од три часот наутро по средноевропско време. Победа на Торонто ќе значи прва титула за оваа франшиза.